Богдановиќ го намести снајперот, па ги урна лејкерси со звукот на сирената (видео)

Богдан Богдановиќ е херојот на Сакраменто на дуелот против ЛА лејкерс, откако српскиот ас ја погоди клучната тројка со звукот на сирената, за конечен триумф од 117-116.

Поранешниот соиграч на Перо Антиќ постигнуваше бројни шутеви за победа во дресот на Фенербахче, но ова му е прва ваква ситуација во НБА-лигата, и тоа токму против лејкерси. Богдановиќ воедно беше и најдобар стрелец на „кралевите“ со вкупно 23 поени, додека Бјелица постигна 18 поени за Сакраменто.

Се вчитува...