Богдановиќ: Ќе играм за Србија на ЛОИ во Париз

Српскиот кошаркар од редовите на Атланта Хокс, Богдан Богдановиќ говорејќи за медиумите по победата на неговиот тим над Милвоки во НБА лигата откри дека сака да настапува за Србија на престојните Летни олимписки игри во Париз кои ќе се одржат во 2024 година.

Богдановиќ беше лидер на Србија на последното Светско првенство кое се одржа во Индонезија, Филипини и Јапонија, а нашиот северен сосед го освои сребрениот медал.

„Имавме многу убаво леот и тоа допрва ќе дојде на значење. Остана жал за Бориша Симаниќ, но најважно е што е жив. Се вративме сите здрави и тоа е најважно. Имавме добра хемија и добро дружење. Не сме збореле уште за ЛОИ во Париз, но доколку бидам здрав ќе бидам таму“, изјави Богдановиќ.

Претходно желба за камбек во репрезентацијата на Србија изразија и Василије Мициќ и Никола Јокиќ со што се најавува силна репрезентација која одново ќе биде во игра за медал.

Се вчитува...