Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ во епски меч против Оже -Алијасим успеа да слави после исцрпувачка битка од над пет часа.
Сепак организаторот реши да го казни Новак поради константите псовки на претходниот меч со Сафиулин. Казната е само парична, така да популарниот Ноле може слободно и без никакво оптоварување да се приготвува за мега полуфиналето на Вимблдон со минатогодишниот победник Јаник Синер.
Долгиот четвртфинален меч остави трага на замор кај Ѓоковиќ, но тој едноставно е подготвен да ни понуди нови изненадување.
Доколку успее да го освои Вимблдон ќе се изедначи со легендарниот Роџер Федерер по бројот на грандслем титули. Роџер на своето конто има осум освоени тутули на престижниот Вимблдон а Новак заостанува само за една титула.
Во секој случај ќе гледаме едно прекрасно полуфинале помеѓу Синер и Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
