Мексико веќе именуваше нов селектор

Како што се очекуваше, нов селектор на Мексико е Рафаел Маркез.

Од 2024 година, до Светското првенство, Маркез ја извршуваше функцијата асистент на сегашниот селектор Хавиер Агире, кого официјално го наследи на таа позиција.

Мексиканската фудбалска федерација објави дека поранешниот познат репрезентативец потпишал договор до 2030 година.

„Назначувањето на Рафаел Маркез за главен тренер е дел од уредна транзиција дизајнирана да обезбеди континуитет и да го зајакне развојот на тимот“, соопшти Мексиканската фудбалска федерација.

Се очекува Маркез да дебитира на клупата на „сомбреросите“ за време на репрезентативните „прозорци“ на ФИФА кон крајот на септември и почетокот на октомври.

„Задоволен сум од развојот што го покажа Рафа. Разговарав со Рафа бидејќи двајцата сме истакнати личности во мексиканскиот фудбал. Го познавав како играч и соиграч и тој е повеќе од квалификуван да ја води репрезентацијата“, рече сега веќе поранешниот селектор Агире.

На тековното Светско првенство, Мексико го заврши натпреварувањето во осминафиналето со пораз од Англија со 2-3.

Маркез, да потсетиме, е национален рекордер со 147 настапи за националниот тим. Тој играше на пет светски првенства.

Се вчитува...