Бојан Богдановиќ за прв пат по осум месеци им се врати на кошаркарските активности, објави Њујорк пост повикувајќи се на извор од Бруклин Нетс.
Сепак, како што пренесуваат американските медиуми, останува да се види како телото на 35-годишниот хрватски репрезентативец ќе реагира на кошаркарскиот тренинг со тимот.
Богдановиќ последен пат играше во плеј-офот минатата сезона како член на Њујорк Никс, кога ја повреди левата нога во серијата против Филаделфија, а и пред тоа долго време имаше проблем со зглобот на десната шутерска рака. По завршувањето на минатата сезона тој беше опериран за да ги реши двата проблема.
Во меѓувреме, Никс, во кои тој пристигна од Детроит минатиот февруари, го испратија во соседниот Бруклин Нетс, клубот во кој Богдановиќ ја започна својата НБА кариера во 2014 година, во замена за Микал Бриџис.
Уште од трејдот со Нетс минатото лето, беше јасно дека Богдановиќ нема иднина во тој клуб и дека Бруклин ќе се обиде да го испрати во поамбициозен тим во замена за драфт пикови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА