Богдановиќ – прва трансфер-бомба на Жељко во ПАО

Жељко Обрадовиќ денеска потпиша тригодишен договор со Панатинаикос, а трофејниот стратег покрај рекордната плата од 3,5 милиони евра по сезона од газдата Јанкопулос добил и ветување за значителни инвестиции во играчкиот кадар.

Не е тајна дека Обрадовиќ сака од Партизан да го доведе Бонга, но вистинската трансфер-бомба беше најавена вечерва – Богдан Богдановиќ ќе ја скрати својата авантура во НБА-лигата за да се врати назад во Европа, и тоа токму во дресот на Панатинаикос.

Поранешниот соиграч на нашиот Перо Антиќ од Фенербахче имаше мала минутажа минатата сезона, по што почна да размислува за камбек во Европа. Како што информираат грчките медиуми, Богдановиќ веќе разговарал со Жељко Обрадовиќ, обелоденувајќи дека бил известен дека нема да остане во ЛА Клоперс.

Србинот планира да почека уште околу еден месец, да види дали може да најде нов клуб во НБА-лигата, а доколку тоа не се случи, тогаш Жељко и ПАО дефинитивно ќе бидат главни фаворити за негов потпис при враќањето во Евролигата.

Се вчитува...