Богут до судиите – колку пари земавте (видео)

Австралиските кошаркари не можат да го преболат поразот од Шпанија, а центарот Ендрју Богут јасно стави до знаење дека главни виновници за неуспехот на „кенгурите“ се судиите на денешното полуфинале.

Богут беше бесен на досудениот прекршок од него врз Марк Гасол на осум секунди до крајот, иако Шпанецот беше тој што стартуваше зад грб.

Реакцијата на центарот по самиот досуден прекршок кажува се – Богут со гестот алудираше дека судиите се потплатени. Тој беше бесен и во новинарската зона веднаш по завршувањето на натпреварот.

ФИБА, ова е срамота. Судиите беа е…о срамни“ – врескаше Богут упатувајќи се кон соблекувалните.

Се вчитува...