Богут се враќа во Голден Стејт

Актуелниот шампиони во НБА лигата, Голден Стејт, пред плеј-офот се засили со искусниот австралиски центар Ендрју Богут. Деталите за договорот се уште не се објавени, а се верува дека тој е во траење до крајот на сезоната.

Богут настапуваше за Вориорс во периодот од 2012 до 2016 година, каде имаше просек од 6,3 поени, 8,3 скока и 2,2 асистенции за 23,7 минути поминати на теренот. За тимот одигра 236 натпревари и, со 58%, е втор најдобар по процент на реализација во историјата на клубот.

Тој оваа сезона ја помина во Сиднеј Кингс, каде што во австралиското првенство беше избран за најкорисен и најдобар одбранбен играч.

Вориорс моментално се најдобри во Западната конференција во НБА лигата.

Се вчитува...