Бојан Крстевски – од Работнички во МЗТ Скопје

Македонскиот репрезентативец Бојан Крстевски реши летово да ги промени клупските бои, па од редовите на Работнички се пресели во таборот на шампионот МЗТ Скопје. „Металците“ го продолжуваат зацртаниот план за ангажман на што повеќе квалитетни домашни кошаркари, а со потписот на двогодишен договор со Крстевски завршија голема работа за центарската позиција, каде останаа ослабени по заминувањата на Младеновски, Иванов и Бојиќ.

Овој 30-годишен кошаркар кариерата ја почна во Работнички, по што има играно и за Центар, Вардар, Торус и Кожув, а во периодот од 2012 до 2015 година настапуваше за грчка Кавала.

МЗТ Скопје во текот на вчерашниот ден го ангажираше и плејмејкерот Кристијан Николов, а претходно нови договори со актуелниот првак потпишаа Андреј Магдевски и Андреј Маслинко. Воедно, во таборот на аеродромци остануваат и Дамјан Стојановски, Марко Симоновски и Ранко Мамузиќ.

Се вчитува...