Бојан Миовски ја „купи“ цела Шкотска: Се откажа од хет-трик за да „подари“ голови и на своите соиграчи!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски со вчерашните нови два гола за Абердин цврсто заседна на првото место на листата на стрелците во Шкотска. Со вкупно пет постигнати гола на четири свои дуели, Миовски и тоа како од самиот старт на сезоната го најавува својот извонреден ефект за шкотскиот премиерлигаш.

Миовски со своите игри и голови ги плени срцата на навивачите на Абердин. Но, со своите постапки на вчерашниот натпревар, на кој Абердин славеше со 5-0 против Ливингстон, дефинитивно ги освои и срцата на соиграчите, публиката и целокупната спортска јавност во Шкотска. И покрај тоа што многу лесно можеше да дојде до хет-трик

Најпрво при досудениот втор пенал за Абердин, Бојан иако одреден да го изведе, истиот го препушти на свој соиграч (Бесијен). Токму затоа кога Бесијен го постигна голот од пенал, целиот тим на Абердин се насочија кон Миовски честитајќи му за зголеменото водство.

Во продолжението на натпреварот, во акција во која излезе сам пред голманот на противникот и можеше лесно да реализира топката ја додаде до својот капитен Хајс, кој реализираше. Македонскиот напаѓач можеше многу лесно да го запише својот прв хет-трик во Шкотска, но со својот однос на теренот покажа дека е многу повеќе од само одличен играч. Сето тоа не остана незабележано од бројните фудбалски фанови во Шкотска…

„Бојан е навистина нешто извонредно, најнесебичниот напаѓач кој сум го видел. Миовски е благодет за секој тим, тој покрај што е неверојатен фудбалер секогаш го зацврстува и тимскиот дух. Бојан Миовски е најдоброто нешто што можеше да му се случи на Абердин“ – се дел од коментарите од навивачите на Абердин, но и голем број воодушевени фудбалски фанови од Шкотска кои не можеа а да не ги забележат постапките на македонскиот репрезентативец.

А, воодушевен од Миовски е и тренерот на славниот шкотски клуб, Џим Гудвин кој вели дека Македонецот покажал големина со тоа што му препуштил пеналот да го шутира неговиот соиграч.

„Јас немав улога во одлуката за изведувањето на пеналот. Тоа е нешто за кое пред мечот немаше да дадам поддршка, зашто Бојан е наш прв изведувач. Но, ми се допадна фактот што тој сакаше да му даде шанса на својот соиграч и што покажа голема поддршка за него. Но, од друга страна требаше да шутира и мислам дека кога ќе си легне дома ќе жали што пропушти шанса за хет-трик. На крајот на краиштата, за мене не е важно кој ќе даде гол, битно е да го даде и да победиме“, вели Гудвин.

Се вчитува...