Бојан Миовски ја напушти Ренова и се сели во унгарскиот МТК

Младинскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја Ренова и се сели во Унгарија. Тој потпиша договор со унгарскиот клуб МТК.

„Би сакал да искажам благодарност за шансата што ми ја даде Ренова и на клубот му посакувам многу успеси во иднина во Првата лига, но и во Европа“, истакна Миовски збогувајќи се од Ренова.

Миовски кој во Македонија има настапувано и за Работнички, Брегалница Штип и Македонија Ѓорче Петров, веќе има меѓународно искуство од Карабах, Азербејџан. Тој во наредниот период ќе настапува во дресот на МТК во унгарското фудбалско првенство.

Се вчитува...