Бојан Трајковски го напушти МЗТ, потпиша за унгарски Пакс

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Бојан Трајковски го напушти вицепрвакот МЗТ Скопје Аеродром и замина на печалба во Унгарија. Тој потпиша едногодишен договор со унгарскиот прволигаш Пакс кој во новата сезона има поголеми амбиции од пласманот во четвртфиналето на плејофот, успех што го оствари лани.

Трајковски минатата сезона беше еден од носителите на играта на „металците“, имаше забележителни настапи во АБА-лигата, иако тимски МЗТ комплетно потфрли.

Во просек, Трајковски во АБА-лигата постигнуваше 13,05 поени по натпревар, додека во домашниот шампионат неговиот поентерски ефект изнесуваше 14.41 кошеви по меч.

Се вчитува...