Трајковски и Синовец меѓу најдобрите во колото на АБА лигата

Деветнаесеттото коло во АБА-лигата во нашата јавност мина во знакот на македонското дерби меѓу Карпош соколи и МЗТ Скопје, во кое „соколите“ славеа, а во главна улога беа Бојан Трајковски и Стефан Синовец.

Еден од најзаслужните за победата беше Бојан Трајковски кој оствари дабл-дабл ефект од 17 поени и 12 скокови. Со одличната партија под обрачите, Трајковски воедно е и најдобар скокач во оваа рунда од регионалното натпреварување.

Синовец беше најдобар поединец во дресот на МЗТ Скопје, го заврши мечот со 15 поени, 9 скока и 4 асистенции за вкупно 29 индексни поени, со што српскиот бек воедно е дел од најдобрата петорка на 19. коло. Покрај Синовец во идеалната петорка се најдоа и Валер од Морнар, кој е МВП на колото, како и Симоновиќ од Црвена звезда, Спасојевиќ од Мега лекс и Боутрајт од Цедевита.

Се вчитува...