Бојан Трајковски во преговори со Феникс

Бојан Трајковски се наоѓа блиску до преселба во Феникс откако доскорешниот македонски репрезентативец начелно ги договори условите за заминување од Пелистер.

Крилниот центар на последните натпревари на битолскиот клуб добиваше се помала минутажа, по што беше донесена одлука тој да го напушти Пелистер.

Најзаинтересиран за услугите на Трајковски во моментов е новиот прволигаш Феникс. Оваа екипа важи за едно од најпријатните изненадувања сезонава, а тренерот Дервишевиќ верува дека со искуството на Трајковски може уште повеќе да го крене квалитетот на играта на својот млад состав.

Преговорите меѓу двете страни се веќе стартувани и лесно може да се случи Трајковски во наредните денови да потпише договор со скопскиот клуб и да почне со настапи за Феникс во вториот дел од сезоната.

Се вчитува...