Бојкотот на Данците „угасен“: Во најсилен состав против Велс

Данска ќе игра во најсилниот свој состав против Велс во Лигата на нациите, откако беше постигнат договор меѓу фудбалерите и фудбалскиот сојуз околу меѓусебниот спор за договорните обврски.

Данска на пријателскиот дуел против Словачка во Трнава, на кој загуби со 3-0, настапи со фудбалерите од второлигашките клубови како и со футсал играчи. Првотимците имаа недоразбирање со сојузот околу договорите за комерцијалните права.

Сега бојкотот е „угасен“ а Данскиот фудбалски сојуз рече дека е постигнат договор со фудбалерите и против Велс утре во Архус ќе играат во најсилниот свој состав.

Се вчитува...