Боксер потпиша најскап договор во историјата на спортот

Боксерот од Мексико, Саул Арварез, потпиша договор со стриминг сервисот DAZN вреден неверојатни 365 милиони долари. Тоа е најголема договорена сума во историјата на професионалниот спорт.

Мексиканецот беше под договор со HBO, но реши да се повлече од боксот, па паа ситуација ја искористи DAZN и со Арварез потпиша историски договор на пет години, односно договор за 11 мечеви што ќе бидат распоредени во договорениот период.

Алварез кој е познат под прекарот „Канело“ поради црвената коса, така стана сопственик на највредниот договор меѓу спортистите и го надмина играчот на бејзбол, Џанкарло Стентон, кој во 2014 година потпиша договор со Мајами вреден 325 милиони долари на 13 години.

DAZN  е спортска медицинска платформа специјализирана за боречки спортови. Во САД тие ја продаваат својата програма на гледачите за месечна сума од 9,99 долари.

Неговиот прв меч под милионскиот договор, ќе се одржи на 15 декември во „Медисон Сквер Гарден“, а ќе се бори против Роки Филдинг.

Алварез минатиот месец во Лас Вегас го победи Генадиј Головкин за јубилејна 50 победа во кариерата во која има и еден пораз од славниот Американец Флојд Мејведер.

Се вчитува...