Боксерите Гоце Јанески и Јасин Љама се вратија во Скопје и веднаш се префрли во карантин

Македонските боксерски сениорски репрезентативци, Јасин Љама и Гоце Јанески, доцна синоќа преку Софија се вратија во Македонија откако 19 дена беа во Лондон каде учествуваа на квалификацискиот турнир за ЛОИ во Токио.

Олимпискиот турнир поради ситуацијата со пандемијата од коронавирусот по само два дена беше прекинат од страна на организаторите.

Љама и Јанески останаа во Лондон поради затворањето на аеродромот во Скопје. Боксерската федерација на Македонија два пати се обиде да ги врати во Скопје, но за жал неуспшно, еднаш преку Истанбул и втор пат преку Солун бидејќи Турција и Грција во последен момент ги затворија границите.

Вчера со лет преку Софија нашите двајца репрезентативци пристигнаа во Бугарија а потоа до Скопје. Љама и Јанески се сместени во задолжителен карантин во Скопје во хотел Ибис каде ќе престојуваат следните 14 дена.

„БФМ изразува голема благодарност до сите вработени во Амбасадите на Македонија во Лондон и Софија за помошта која ни ја пружија да ги вратиме Јасин Љама и Гоце Јанески дома. Воедно, БФМ изразува благодарност и до организаторите на турнирот во Лондон кои максимално се ангажираа нашите боксери, Љама и Јанески да ги имаат сите неопходни услови за комотен престој во престолнината на Англија“, истакнуваат од Боксерската федерација на Македонија.

Се вчитува...