Боксерски спектакл денес ќе ги урне рекордите во оваа корона – криза, најавени полни трибини!

Боксерски спектакл ќе донесе битка на два светски шампиони која ќе ги урне сите рекорди во оваа здравствена криза, па на овој меч ќе присуствуваат дури 70.000 гледачи, што во изминативе 13-на месеци беше незамисливо за некој спортски настан таква бројка на публика да биде присутна на трибини.

Мексиканскиот боксер Саул Канело Алварез, кој е светски првак во верзиите ВБА и ВБЦ ќе се соочи со Англичанецот Били Џо Саундерс, првак во верзијата ВБО во битката за апсолутен првак во супер-средна категорија

Боксерскиот спектакл ќе се одржи во „АТ анд Т“ Арената, домот на Далас Каубојс, а ова ќе биде најпосетен боксерски меч во историјата во САД, зашто досегашниот рекорд во затворен простор бил од 1978 година, кога Леон Спинкс пред 63.352 гледачи го победил легендарниот Мохамед Али во Њу Орлеанс.

Се вчитува...