Боксерскиот спектакл меѓу Фјури и Вајлдер доби нов датум!

Конечно дојде и крајот на трилогијата меѓу Тајсон Фјури и Деонтај Вајлдер, а истиот е закажан на 9 октомври во Лас Вегас. Ова е нов датум бидејќи борбата претходно требаше да се одржи на 24 јули, но мечот беше одложен поради позитивниот тест на Ковид-19 кај британскиот боксер.

Фјури го победи Вајлдер во февруари 2020 година во Лас Вегас, и тоа 14 месеци по одличната борба и ремито во Лос Анџелес.

Британецот се бореше на 31 борба во кариерата, а притоа забележа 30 победи и едно реми, додека Американецот има 42 победи, едно реми и еден пораз.

 

 

 

Се вчитува...