Болница во Барселона пред дуелот со Вардар во ЛШ

Тренерот на Барселона, Чави Пасквал, се соочува со огромни проблеми во пресрет на продолжението на сезоната во Лигата на шампионите, во која веќе во првото коло на 10 февруари каталонскиот гигант ќе го пречека европскиот првак Вардар.

Каталонците ги стартуваа подготовките, а Пасквал ќе има големи главоболки да го „закрпи“ тимот со кој ќе се обиде да им го нанесе на „црвено-црните“  првиот пораз во Лигата на шампионите сезонава.

Од претходно на повреди се жалеа Јуре Доленец, Ласе Андерсон и Ваел Жалуз, а згора на тоа во изминатите денови повреди заработија и крилото Јанис Лен, првиот голман Гонзало Перез де Варгас, како и францускиот лев бек Тимотеј Нгесан.

Како што јавуваат каталонските медиуми, ниту еден од повредените ракометари нема да се врати навреме за дуелот со „вардарци“, па бројните отсуства на ракометарите на Барса сигурно се шанса повеќе за Вардар да ја продолжи својата импресивна серија во походот кон нова европска круна.

Се вчитува...