„Болницата“ во ПСЖ има нов „пациент“

Германскиот дефанзивец Тило Керер е најновиот член на долгата листа на повредени играчи во ПСЖ, откако беше обелоденето дека овој фудбалер има сериозен проблем на мускулот и мора да биде опериран. Керер, кој подеднакво добро се снаоѓа и како централен дефанзивец и десен бек ќе мора да паузира најмалку три месеци, дополнително зголемувајќи ги главоболките на тренерот Тухел.

Само за потсетување, „светците“ беа еден од најпогодените тимови од коронавирус на почетокот од сезоната, што резултираше со два порази на стартот од францускиот шампионат. Болните за десетина дена оздравеа, но потоа почнаа малерите со повредени играчи кои од ден на ден се повеќе се зголемуваат.

Впрочем, за тоа најдобро говори фактот дека на листата на играчи на кои Тухел не може да смета во моментов се наоѓаат: Бернат, Икарди, Верати, Дракслер, Нејмар, Мбапе, Сарабија, Кимпембе, Геје, Кеан и Флоренци.

Се вчитува...