Досегашниот центар на Црвена звезда, Џоел Боломбој, и официјално ја продолжува кариерата во Франција, каде потпиша двегодишен договор со Асвел.
Иако францускиот евролигаш се соочува со сериозни финансиски проблеми и значително намален буџет, клубот успеа да го ангажира искусниот 32-годишен американски кошаркар.
Боломбој беше дел од Црвена звезда во изминатите три сезони и со своите настапи ги освои симпатиите на навивачите. Поради повреда, односно скршеница на стапалото, тој го пропушти финишот на сезоната 2024/25, како и почетокот на минатата сезона.
Пред Црвена звезда, Боломбој настапуваше и за ЦСКА Москва и Олимпијакос, додека во САД беше дел од развојните тимови на Јута и Милвоки.
Интерес за неговите услуги имале и Уникаха, Макаби и Панатинаикос, но Боломбој сепак се одлучи за Асвел, со кој се обврза на двегодишна соработка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
