Болоња го совлада Сасуоло и се врати на победите

Болоња со победа се рехабилитираше од убедливиот пораз од Интер пред неколку дена од 6-1, и се врати на победите. Домашниот тим со 3-0 го совлада составот на Сасуоло и дојде до четвртиот триумф во последните пет меча.

Победата ја донесоа головите на Аебишер во 30. минута, Арнаутовиќ во 50. минута и Фергусон во 78. минута.

Со оваа победа Болоња го помина Сасуоло на табелата во Серија „А“, и сега е на 11. место. Сегашните пет победи, Болоња ги оствари на последните шест средби и влезе во одлична серија.

Се вчитува...