Болоња најде нова „деветка“ за 35 милиони евра

Рома пронајде напаѓач околу кого ќе изгради нова офанзивна линија, Сантијаго Кастро ја напушта Болоња и се сели на „Олимпико“.

Клубовите постигнаа договор за трансфер вреден вкупно 35 милиони евра, а и аргентинскиот фудбалер и неговиот иден тренер Џан Пјеро Гасперини дадоа согласност. Останува само Кастро да отпатува за Рим во наредните денови, да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор, по што зделката ќе биде официјално потврдена.

Кастро веќе ја прифатил понудата на „волчицата“, па затоа најголемата пречка била наоѓањето заеднички јазик меѓу Рома и Болоња. Болоња на крајот прифатила пакет од 35 милиони евра, во кој биле вклучени и бонуси.

21-годишниот Аргентинец пристигна во Италија во јануари 2024 година од Велез Сарсфилд. Болоња му плати околу 13,2 милиони евра во тоа време, а тој постигна 22 гола и имаше 11 асистенции во 105 настапи во сите натпреварувања за клубот. Во февруари оваа година, тој го продолжи договорот до летото 2030 година, дополнително зацврстувајќи ја преговарачката позиција на клубот.

Се вчитува...