Болоња пропушти шанса да го престигне Јувентус на табелата во Серија „А“

Екипата на Болоња освои само еден бод на гостувањето кај Фросиононе, и со тоа пропушти прилика да се искачи на третото место, и да избие пред Јувентус на табелата во Серија „А“.

И покрај тоа што доминираше во поседот на топката, и две добри шанси во вториот дел, сепак не успеаја да го најдат патот до голот. Фросиноне, пак, пропушти исто така две добри шанси да дојде до предност.

Болоња и натаму е во игра за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, и сега има само бод помалку од Јувентус, но и меч повеќе. Јувентус вечерва на домашен терен ја пречекува Фиорентина.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...