Осумкратниот олимписки шампион и светски рекордер во најбрзите атлетски дисциплини, Усаин Болт, не се откажува од својот сон да стане фудбалер. По завршувањето на атлетската кариера во август минатата година, Болт повеќе пати се појави на фудбалските терени, главно во ревијални настапи.
Спринтерот од Јамајка неколку пати тренираше со фудбалерите на Борусија Дортмунд, беше блиску до јужноафриканскиот Мамелоди, а сега е на еднонеделна проба во норвешкиот Штромготсет.
Болт на својот Твитер профил објави фотографии од тренингот и порача дека го следи својот сон.
Штромготсет моментно се на 12.место во норвешката лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА