Болт остана без едно олимписко злато

Усаин Болт остана без еден од освоените златни олимписки медали, откако беше одлучено да бидат одземени одличјата на четирите атлетичари кои беа дел од штафетата на Јамајка на Олимписките Игри во Пекинг во 2008 година.

Еден од членовите на оваа штафета, Неста Картер, беше фатен како „фалсификува“ примероци од урина и од крв. По повтореното тестирање на оригиналните примероци од овој спринтер беше утврдено дека тој е позитивен на неколку недозволени средства, по што Картер заработи суспензија.

Воедно, како дел од казната без медал не остана само тој, туку сите членови на штафетата на Јамајка, меѓу нив и најбрзиот човек на сите времиња, Усаин Болт.

Болт важеше за „трипл трипл“ олимписки првак бидејќи освои по три златни медали на трите Игри на кои учествуваше, но по оваа казна извонредниот спринтер остана со осум, наместо досегашните девет најсјајни одличја.

Се вчитува...