„Бомба“: Еден од најдобрите центри во Евролигата ќе игра за Македонија?!

Македонија би требало да биде сериозно засилена за претстојните главни квалификации за Евробаскет 2029, откако раководството на федерацијата влезе во завршна фаза за ангажирање на еден од најдобрите центри во Евролигата во моментов.

Мозес Рајт, ланскиот ас на Олимпијакос кој годинава со огромен успех настапуваше за Жалгирис, начелно се согласил да го облече македонскиот дрес, по што се чека завршување на процедурата за издавање пасош за тој да може да настапува за нашиот национален тим.

„Можеме да потврдиме дека постоеше интерес и разговори, самиот кошаркар исто така се изјасни, но процедурата треба да се заокржи со издавање на пасош“, потврдија од МКФ за „Екипа.мк“.

Рајт имаше серија извонредни настапи во Евролигата што беа препорака за летен трансфер, па така новиот македонски репрезентативец речиси сигурно летово ќе се пресели во редовите на Барселона.

За очекување е тој да одмори на почетокот од летово во финишот од претквалификацискиот циклус, но потоа да биде на располагање на стручниот штаб за стартот на главните квалификации.

Се вчитува...