„Бомба“ го стресе Ливерпул: Баерн Минхен преговара со Мане

Баерн Минхен е силно заинтересиран за ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане. Сенегалецот на лето влегува во последната година од договорот со „црвените“, а преговорите за продолжување на соработката се во застој.

Англиските медиуми пренесуваат дека Баерн сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во Минхен, бидејќи Баварците најавија еден голем трансфер летово.

Спортскиот директор Салихамиџиќ веќе имал средба со агентот на Мане, кој е отворен за преселба во Минхен бидејќи смета дека е идеален момент за промена на средината.

Баерн се уште не започнал преговори со Ливерпул, но „црвените“ најверојатно ќе мораат да го продадат ова лето бидејќи следното ќе го загубат без обештетување.

 

 

Се вчитува...