„Бомба“ на Атанасов од слободен удар во победата на Хајдук над Славен (ВИДЕО)

Јани Атанасов беше стрелец на еден од петте гола со кои Хајдук дојде до победата над Славен Белупо. Сплитскиот тим губеше на полувремето, меѓутоа во вториот дел целосно го разби противникот со пет погодоци.

Атанасов беше стрелец на третиот гол, во тие моменти го донесе Хајдук на 3-1, а до крајот сплитските „бели“ постигнаа уште два преку Калиниќ. Атанасов ја намести топката од слободен удар, и го изненади голманот на гостите кој остана во немоќ да гледа како топката завршува во неговата мрежа.

Ова беше втор гол на Атанасов после оној против Динамо Загреб на „Максимир“.

Се вчитува...