Фудбалерите на Интер со убедлив триумф од 4-1 над Монца ја почнаа одбраната на титулата во италијанската Серија А.
Актуелниот шампион на Италија до водство од 1-0 стигна уште во 6. минута со неверојатниот погодок на Хакан Чалханоглу. Гостите до крајот на првиот дел успеаја да израмнат на 1-1 преку Варела во 29. минута. Во вториот дел следуваше гол на Зјелински во 48. минута за 2-1, а 3-1 беше со неверојатниот погодок со пета на Еспозито во 55. минута. Конечните 4-1 ги постави Бисек во 63. минута.
Inter 1-0 Monza – Hakan Çalhanoğlu great goal 6'
byu/4gjdtokurwa insoccer
Inter [3]-1 Monza – Pio Esposito back-heel 55'
byu/4gjdtokurwa insoccer
Во вториот меч кој се играше од 18.30 часот Удинезе и Комо одиграа без победник 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
