Македонскиот репрезентативец Љупчо Дориев, се запиша во листата на стрелците за Согдиана во победата на неговиот тим против Термез Шуркон од 5-2.
Македонецот го постигна првиот гол за својата екипа во 11. минута. Шутираше од 25 метри, и го совлада гостинскиот голман.
Ова за Дориев беше седми погодок во Узбекистан, со што се искачи на врвот на листата на стрелците во ова првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

