„Бомба“ од Белград: Дејан Станковиќ заминува од Црвена Звезда!?

После само шест месеци откако се врати на клупата на Црвена Звезда, освои двојна круна, Дејан Станковиќ би можел да тргне во друг правец. Според информациите од Грција, стручњакот добил добра понуда од грчки Панатинаикос.

Оваа година во јануари, Станковиќ се врати во Звезда, и го наследи Владан Милојевиќ. Веднаш ја врати екипата на побетничките патеки, успеа да одигра одлично во пролетниот дел, и на крајот да се закити со двојната круна.

Панатинаикос ја чека првата титула после 2010 година. Ривалите ги освојуваат како од шега, а оваа сезона ништо не направи ниту легендарниот Рафаел Бенитез, па „зелените“ завршија дури четврти на табелата.

Токму играњето во ЛШ идната сезона со Звезда, може да придонесе Станковиќ, сепак, на крајот да се одлучи да остане, во зависност од тоа каква финансиски ќе биде понудата од грчкиот гигант.

Се вчитува...