Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо би можел повторно да го облече дресот на Црвена звезда, пренесуваат шпанските медиуми. Оваа сензационална вест ја сподели познатиот новинар и уредник на шпанскиот медиум „Копе“, Нако Браво, кој преку социјалните мрежи откри дека добил сериозни сигнали од Србија за ваквиот трансфер-пресврт.
„Црвено-белите“ се во активна потрага по квалитетен плејмејкер откако заминувањето на Коди Милер-Мекинтајер во Олимпијакос остави голема празнина во организацијата на нападот. Раководството на белградскиот клуб е принудено да реагира на пазарот, а враќањето на миленикот на навивачите се наметнува како идеално решение.
Кампацо веќе настапуваше за Црвена звезда во сезоната 2022/23, по што се врати во Реал Мадрид. Сепак, „кралевите“ моментално градат нов проект под водство на новиот стратег Педро Мартинез, што ги подгреа шпекулациите дека Аргентинецот е подготвен да ја промени средината и покрај тоа што има важечки договор со шпанскиот гигант до 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
