Според израелските медиуми, на Партизан и на Реал Мадрид им бил понуден американскиот кошаркар Лони Вокер. Пред сезоната 2026/27, Партизан постигна договор со четворица кошаркари, додека осуммина играчи го напуштија белградскиот клуб.
Како што пренесува „Израел Хајом“, „црно-белите“ би можеле да се засилат со американскиот бек, поранешен НБА-кошаркар и член на Макаби и Жалгирис, Лони Вокер.
Споменатиот портал пишува дека неговите агенти „засукале ракави“ и напорно работат на неговото заминување од Тел Авив, како и дека играчот им бил понуден на Партизан и на Реал Мадрид.
Наводно, Американецот е поблиску до Шпанија и станал голема желба на новиот тренер Педро Мартинез, особено по заминувањето на Марио Хезоња во НБА. Останува да се види дали „црно-белите“ го сакаат Вокер во својот тим и дали можат да го победат Реал Мадрид во трката за неговиот потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
