Бомба од Белград: Ти Џеј Шортс потпишува со српски великан!

Повремениот македонски кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс од следната сезона ќе го носи дресот на српскиот гигант Црвена Звезда, пренесуваат грчките медиуми.

Преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза. Останато е да се прецизираат уште неколку ситни детали пред трансферот да биде официјално потврден. Плејмејкерот веќе престојува во Белград каде што ги финализира разговорите со управата на „црвено-белите“.

Црвена Звезда беше најконкретна и најупорна во трката за неговиот потпис. За услугите на одличниот плејмејкер сериозен интерес покажаа и екипите на Партизан и Хапоел Тел Авив.

 

Се вчитува...