„Бомба“ oд Франција – Монако нуди 100 милиони евра за Андреа Белоти

Монако подготвува понуда од 100 милиони евра за Андреа Белоти. „Кнезовите“ во него гледаат како замена за Мбапе, но ќе имаат тешки преговори бидејќи Торино не сака да го продаде. Јасно е дека Жардим нема да седи со скрстени раце доколку замине талентираниот Французин, кој наводно се догорил со ПСЖ за трансфер вреден 180 милиони евра.

Малку е изненадувачки овој потег на Монако, бидејќи се води според политиката на клубот која ја негуваше до пред неколку години. Францускиот првак се расфрлаше со пари за фудбалски ѕвезди до пред три сезони, но реши да го смени начинот на работа, фокусирајќи се кон младинската академија.

Досега Торино ги одби понудите од Челси и Милан за популарниот „петел“. Челси стигна до 80 милиони евра, додека Милан понуди 70 милиони, плус Нијанг и Палета, но раководството бара 100 милиони евра, ни помалку ни повеќе.

Сепак, Монако има и план „Б“ доколку не успее да го ангажира Белоти. Клубот се распрашува за услугите на Каспер Долберг од Ајакс, кого холандскиот клуб го проценува на 50 милиони евра.

Се вчитува...