Во Хрватска во јануарскиот преоден рок се подготвува спектакуларен трансфер. Поранешен голман на Хајдук, ќе застане меѓу диреците на Динамо. Актуелниот чувар на мрежата на Атлетико Мадрид, Иво Грбиќ е многу блиску до потпис на „Максимир“, пишуваат медиумите во Хрватска.
27-годишниот чувар на мрежата е во сенка на Јан Облак, и за да има поголема минутажа, мора да оди во некој друг клуб. Динамо е подготвен да плати отштета од 2 милиони евра, а со неговото доведување Динамо би го решил горчливото прашање на голманската позиција, која остана празна по заминувањето на Доминик Ливаковиќ во Фенербахче.
Грбиќ ги минал сите младински категории на Хајдук, бранеше кратко и за првиот тим, но се реши во 2018 да го напушти тимот и да замине во Локомотива Загреб, од каде заминува во Атлетико Мадрид. Една сезона мина и на позајмица во Лил. Беше дел и од Хрватска на Мундијалот во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА