Интер веќе го продал Мауро Икарди на торински Јувентус! Ова го тврди познатиот италијански новинар Танкреди Палмери објавувајќи категорична информација дека сето тоа е завршена работа.
Палмери во својата објава тврди дека Икарди имал неверојатно висока понуда од Наполи кој му понудил девет милиони евра на годишно ниво, како и два милиони евра бонуси. Но, Интер одлучил да го продаде на Јувентус. Италијанскиот шампион од поодамна посакува да го доведе во своите редови, а сега се чини работата е конечно завршена.
Според пишувањата, Икарди исто така прифатил да се пресели во редовите на „Старата дама“. Не е познато колку „црно-белите“ ќе издвојат за неговиот трансфер но познато е дека откупната клаузула од договорот со Интер изнесува 110 милиони евра. И тоа најверојатно е сумата која ќе мора да ја плати Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА