„Бомба“ од Мадрид: Карло Анчелоти се враќа на клупата на Реал Мадрид!?

Шпанските медиуми тврдат дека Карло Анчелоти ќе биде нов тренер на Реал Мадрид, по заминувањето на Зинедин Зидан.

Италијанскиот стратег, според Флорентино Перез, е вистинскиот човек кој може да го врати Реал на трофејниот пат. Токму Анчелоти беше ментор на Зидан од 2013 до 2015 година. Карло ги водеше „кралевите“ до 10-та титула во Лигата на шампионите, а Зидан тогаш беше асистент на Анчелоти.

Во првата сезона во Реал, Анчелоти го освои и Купот на кралот по триумфот над Барселона во финалето, но во втората поранешниот тренер на Милан не успеа да дојде до ниту еден трофеј, па Перез го замени со Рафаел Бенитез.

Анчелоти потоа беше на чело на Баерн Минхен, на Наполи, а моментално е на клупата на Евертон.

Како можен тренер се спомнува и Раул Гонзалес, но шпанските медиуми тврдат дека Карло Анчелоти е договорена работа.

Се вчитува...