Ако овој трансфер се случи, ќе биде вистинска „бомба“ во летниот преоден рок. Аргентинскиот играч од средниот ред Енцо Фернандез ќе биде нов играч на „кралевите“ за новата сезона.
Тимот веќе тргнува во нова ера на чело со Жозе Мурињо на клупата. „Кралевите“ се без титула две години, и тргнаа да го градат тимот со кој ќе го преземат приматото од Барселона, која владее со Ла Лига во последните две години.
Енцо бил подготвен за трансфер во кралскиот клуб, особено после разочарувачката сезона во Премиерлигат асо Челси. Од овој тим се очекуваше многу, но на крајот лондонските „сини“ целосно потфрлија, па наводно Аргентинецот и самиот побарал да биде продаден во Реал.
На „Бернабе“ Енцо го гледаат како долгорочен проект за средниот ред. Овој трансфер ќе значи и дефинитивно заминување на еден од играчите од средината Едуардо Камавинга и Орелиен Чуамени, а тука се и Федерико Валверде, Џуд Белингем.
Три и пол години Аргентинецот е дел од Челси. Дојде од Бенфика за 121 милиони евра во 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
