Спортскиот новинар Ентони Ирвин изнесе интересна теорија според која Никола Јокиќ би требало да му се придружи на Лука Дончиќ во Лејкерс во 2028 година.
За време на гостувањето во подкастот „Lakers Lounge Mailbag“, овој познавач на случувањата изјави дека ја смета иднината на Јокиќ во Колорадо за неизвесна, поради трејдот на Пејтон Вотсон во Кливленд.
„Ништо не може толку да обесхрабри една суперѕвезда. Тој напорно работеше за да стигне до ова ниво, само за да биде ангажиран од сопственик на франшиза кој се грижи за парите исто толку колку и Стен Кронки. Кога би го советувал, би му рекол полека да размислува за разделба со Нагетс. Мислам дека полека доаѓа времето кога тие ќе се свртат кон реконструкција, што е шанса за Јокиќ да си замине“, смета Американецот.
Ирвин вели дека Лос Анџелес е примамлива дестинација за 31-годишниот кошаркар, и тоа од очигледни причини.
„Поврзаноста со Лејкерси е многу јасна. Тука е Дончиќ, кој е многу близок пријател на Никола. Исто така, можноста тие заедно да играат „пик-ен-рол“ би била навистина уникатна. Можеби и двајцата гледаат кон 2028 година, кога би можеле да донесат низа одлуки што би довеле до тоа да играат заедно.“
Српскиот кошаркар се уште е под договор вреден 276 милиони долари, потпишан во 2022 година, што значи дека има опција сам да одлучи за својот статус за сезоната 2027/2028.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
