„Бомба“ од НБА: Леброн се откажува од 51 милион долари и си оди од ЛА Лејкерс

Плејоф битката во НБА-лигата е во полн ек, но Леброн Џејмс го привлече врз себе вниманието на јавноста и покрај елиминацијата на ЛА Лејкерс.

Поточно, тоа го стори неговиот агент Рич Пол, кој како гостин на телевизијата ТНТ обелодени дека Леброн ќе стане слободен агент, а негова работа ќе биде да му најде нов клуб. „Кралот“ Џејмс минатото лето потпиша двогодишен договор со ЛА Лејкерс, но со клаузула што му овозможува самиот да реши дали да ја одработи втората сезона од договорот.

Леброн би заработил 51,4 милиони долари ако реши да остане, но по разочарувачките порази во последните години во плејофот тој сериозно размислува за нов предизвик пред и официјално да ја заврши кариерата.

„Леброн е слободен агент. А јас морам да се фокусирам, ме чека работа да му најдам клуб“, изјави агентот Пол за најдобриот стрелец на сите времиња во НБА-лигата.

Се вчитува...