„Бомба“ од НБА: Вестбрук се „спука“ со Харден, си оди од Хјустон?

Челниците на Хјустон веруваа дека со ангажманот на Расел Вестбрук повлекле вистински потег со кој „ракетите“ конечно ќе имаат тим за да атакуваат на титулата во НБА-лигата. Сепак, не требаше да мине многу време за да увидат дека одлуката им била погрешна, па последните информации од Хјустон велат дека Вестбрук е ставен на „листа за продажба“.

Незгодниот темперамент и честите конфликти со соиграчите, меѓу нив и со првата „ѕвезда“ на тимот, Џејмс Харден, се причините поради кои Вестбрук разочара многумина во клубот, па сега „ракетите“ ќе сторат се за што поскоро да ја завршат неговата авантура во Хјустон. Преодниот рок трае до 6 февруари, период до кој челниците на Хјустон ги повикаа заинтересираните клубови да испратат понуди за овој олстар кошаркар.

Проблем претставува превисоката плата од 132 милиони долари за следните три години што новиот клуб ќе треба да ја покрие, па останува да се види дали ќе се најдат „херои“ што ќе сакаат да ризикуваат со овој проблематичен кошааркар, кој и во Оклахома влегуваше во конфликт со дел од соиграчите.

Се вчитува...