„Бомба“ од Раиола: Погба заврши со Манчестер Јунајтед

Пол Погба си заминува од Манчестер Јунајтед, а единствената дилема е дали тоа ќе се случи во јануари или пак на крајот од оваа натпреварувачка сезона. Ова денеска го потврди неговиот агент Мино Раиола, кој во интервју за весникот „Тутоспорт“ говореше на најразлични фудбалски теми.

Погба не е стандарден во тимот на Оле Гунар Солскјер, целосно остана во сенка на Бруно Фернандеш, па ситуацијата е дојдена до таму и тој да сака да си замине, но и клубот да сака да го продаде.

Можам да кажам дека е завршена приказната кога станува збор за Погба и Манчестер Јунајтед“, кратко прокоментира Раиола на оваа тема.

Јасно е дека никој нема да плати 100 милиони евра, колку што Јунајтед издвои за да го доведе Французинот. Неговата сегашна вредност се проценува на околу 60 милиони евра, а во трката за ангажман на францускиот плејмејкер се наоѓаат Јувентус и Реал Мадрид, но не се исклучува можност понуда за Погба да испрати и ПСЖ.

Се вчитува...