Бомба од САД – Џејмс Харден е нов кошаркар на Бруклин

Џејмс Харден е нов кошаркар на Бруклин Нетс, објави еден од најупатените новинари во САД поврзани со НБА лигата, Адриан Војнаровски.

Тој ќе замине во Бруклин во огромна замена во која ќе бидат опфатени три тима меѓу кои покрај Нетс и Рокетс, ќе биде и Кливленд Кавалиерс.

Во Хјустон заминуваат Керис Леверт, Данте Егзам, Родион Курукс и четири пикови од прва рунда. Во Кливленд ќе преминат Џерет Ален и Торин Принс.

Се очекува веднаш по завршувањето на трејдот, Керис Леверт да биде испратен во Индијана Пејсерс во замена за Виктор Оладипо.

Се вчитува...