„Бомба“ од Шпанија: Зидан се враќа на клупата на Реал?

Зинедин Зидан е изборот на Флорентино Перез за нов тренер на Реал Мадрид, но претседателот на „кралевите“ најпрвин ќе треба да го убеди Французинот на камбек во клубот со кој освои три титули во Лигата на шампионите. Извори блиски до највисокото раководство на Реал тврдат дека веќе се воспоставени и првичните контакти, Флорентино ја признал грешката што му дозволил на Французинот да си замине, но тоа се уште не е доволно за Зизу да се убеди на камбек на „Бернабеу“.

Тој без размислување ја одбил понудата да го наследи Сантијаго Солари по фијаското против Ајакс, но ја оставил отворена вратата за враќање во текот на летото, доколку бидат исполнети условите што ќе му ги достави на Перез. Тој ќе бара апсолутна власт при трансферите, што всушност беше и главна причина за заминувањето откако Флорентино минатото лето не му дозволи ремонт на тимот во ситуација кога заминување имаше најавено главниот играч Кристијано Роналдо.

За очекување е Зидан да има над 200 милиони евра за нови фудбалери, плус парите што би ги добил од продажбата на Модриќ и на Бејл, сосема доволно за да направи „ремонт“ во екипата. На врвот од неговата листа со желби се наоѓа Еден Азар, а приоритет ќе биде и ангажманот на лев бек во ситуација кога Марсело се наоѓа пред трансфер во Јувентуд, но и на нов плејмејкер како наследник на Модриќ.

Се вчитува...