„Бомба“ од Србија: Арон Ремзи потпишува за Црвена Звезда!?

Се чинеше дека Арон Ремзи ќе биде големо засилување за Глазгов Ренџерс во продолжението од сезоната, кога во последниот ден од зимскиот преоден рок пристигна на позајмица од Јувентус. Сепак, очекувањата згаснаа многу брзо, па веќе Ремзи размислува за заминување од Шкотска.

Арон досега има одиграно само 94 минути во тимот на Глазгов, па сосема е сигурно дека на лето ќе се врати во Торино. Јувентус веќе одамна бара начин да се ослободи од фудбалерот, па така ќе биде и во летниот трансфер период.

Според меидумите од Србија, веќе на големо се пишува дека Арон Ремзи го привлекува вниманието на Црвена Звезда, клуб кој на лето ќе се обиде да почне преговори со играчот на Јувентус.

Велшкиот фудбалер веќе влегува во последната година од договорот со „Старата дама“ каде заработува седум и пол милиони евра годишно. Иако зимава беше интересен за неколку премиерлигашки клубови, мали се шансите некој да потпише со него на лето, па единствено решение е раскинување на меѓусебниот договор.

Ваквиот расплет на настаните одат во прилог на Црвена Зведа, која со големо внимание постојано ги следи релациите меѓу играчот и клубот од Торино.

Се вчитува...