Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред можен трансфер во еден од најдобрите француски клубови Олимпик Марсеј!
Француските медуми вечерва пренесоа бомбастична вест дека Олимпик Марсеј е повеќе од сериозно заинтересиран за услугите на Димитриевски, на кого договорот со Валенсија му истекува ова лето.
Французите се подготвени да издвојат сериозни средства за привлекување на македонскиот голман, кого го гледаат како замена за аргентинскиот репрезентативен голман Џеронимо Рули, кој го напушта клубот.
Но, по извонредната пролетна сезона во која Столе Димитриевски беше убедливо најдобар поединец на Валенсија, ниту неговиот актуелен клуб не сака така лесно да го изгуби Македонецот.
Па, веќе се истакнува дека Валенсија му понуди нов договор на Димитриевски со важност до јуни 2028 година. Сепак, Олимпик Марсеј не планира така лесно откажување.
❗️L’OM a coché le nom de Stole Dimitrievski (32 ans), libre en juin, pour succéder à Rulli.
Valencia veut le garder et exercer une clause pour étendre son contrat jusqu’en 2028.
[🎖@Santi_J_FM] pic.twitter.com/B0OEc8tbVu
— Massilia Zone (@MassiliaZone) May 23, 2026
Олимпик Марсеј сезонава ја заврши на петтото место во Лига 1, обезбедувајќи настап во Лигата на Европа следната сезона, за разлика од Валенсија која остана без европски настап, и тоа би можело да биде аргумент плус на „вагата“ на францускиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
