„Бомба“ во НБА: Бостон плати 140 милиони долари за Кемба Вокер

Плејмејкерот Кемба Вокер доби максимални 141 милион долари за четири години договор со Бостон Селтикс.

Бостон му понуди богат договор кој Вокер го прифати како замена за Кајри Ирвинг кој не успее да се наметне на улогата лидер во тимот изминатава сезона. Официјално Вокер ќе биде нов член на Бостон од утре кога ќе се отвори пазарот за слободни кошаркари во НБА лигата.

Кемба Вокер зад себе ја има најдобрата сезона од сите оние осум во дресот на Шарлот. Во просек бележеше 25,6 поени на 82 одиграни натпревари.

Селтикс, покрај Вокер, сакаат да го ангажираат и центарот на Хјустон, Клинт Капела.

 

 

Се вчитува...